ОДЛУКАТА НА ТРАМП ЌЕ ГИ РАЗБЕСНИ АМЕРИКАНЦИТЕ: Бара забрана на она во што НАЈМНОГУ УЖИВААТ

Официјалните лица во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа денес и разговараа за забрана за продажба на ароматизирани електронски цигари, со оглед на тоа дека стотици луѓе заболеле од мистериозна болест поврзана со нивното конзумирање.

Претседателот на САД разговарал со секретарот за здравство Алекс Азар и вршителот на должност директор за храна и лекови Нед Шарлс по што признал дека постои проблем со користење на електронските цигари и додал: „Ќе мора да направиме нешто во врска со тоа“.

Азар навел дека наскоро ќе излезе со план во наредните неколку недели за да се повлечат ароматизираните електронски цигари од пазарот.

Овој потег следен е од се поголемиот притисок на работодавачите, родителите и просветните работници во САД кои беа преплавени со популарноста од пушењето на овие цигари меѓу младите и се чуствуваа немоќни да ги држат подалеку од своите училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот