Сања Лукаревска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Oдлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична, вели Лукаревска

Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна, повика денеска пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска и нагласи дека последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична.

– Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, затоа што податоците на заводот за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека се замрзнати производи со поскапи цени. Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени, а не овие покачени цени – истакна Лукаревска и порача наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи.

Стопанската комора на трговци реагира: Одлуката на Владата не ги штити социјално загрозените граѓани

Потсети дека СДСМ предложи законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во Собрание по итна постапка.

– Намалување на ДДВ за струјата на 5 проценти ќе донесе намалување на сметките за 13 проценти веднаш, а граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно на сметка од 3.000 денари. Над 600.000 домаќинства веднаш ќе добијат намалени сметки. Дополнително со укинување на ДДВ за храна над 250 категории прехранбени производи ќе поевтинат веднаш што ќе значи директна заштеда за граѓаните од околу 2.000 денари месечно – појасни Лукаревска.

Се ограничуваат маржите и се замрзнуваат цените на дел од производите

Според неа со севкупна примена на сетот мерки на СДСМ и Законот за нефер трговски практики ќе се дојде до намалување на цените за 30 проценти и од тие причини ги повика пратениците од сите парламентарни партии да ги поддржат овие законски измени.

Владата вчера донесе одлука за ограничување на маржи за 100 групи на производи, а ќе има „замрзнување“ на цени за осум производи меѓу кои маслото, лебот, јајцата, брашното, киселото млеко…. Овие мерки, како што информираа од Владата ќе бидат во сила до крајот на април.

Битиќи: Ако Владата ги прифати нашите предлози за понизок ДДВ, цените ќе се намалат за 30%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот