7 C
Скопје

Одлука на Влада: Наменски 50 милиони денари за АВМУ

Владата, во рамки на денешната 48-ма седница, ја разгледа и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година во износ од 50 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од ковид-19.

Ваквата одлука, како што соопшти владината прес-служба, е донесена заради реализација на мерката три од петтиот пакет економски мерки, со што ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

Владата го задолжи својот Генерален секретаријат, средствата од оваа одлука да ги уплати на наменска сметка на АВМУ.

Прочитајте и...  Славчо најавува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи – на планините можен снег

– Согласно Одлуката, овие средства Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба да ги искористи исклучиво за намената за која се доделени, односно за надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ, се додава во соопштението.

Агенцијата ќе треба да достави Извештај до Владата во рок од 15 дена од завршување на активностите.

– Во Извештајот, ќе биде потребно поединечно да се набројат секој од радиодифузерите со висина на надоместокот кој го должел и е покриен со средствата од оваа Одлука, како и бројот на фактура со кој истиот бил задолжен. Агенцијата е должна да достави примерок од Извештајот и до Управата за јавни приходи за потребите на системот на данокот на додадена вредност и реализација на целите на данокот на додадена вредност, се наведува во соопштението од владината седница.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Возраста засега единствен приоритет за вакцинација, масовна динамика кога ќе пристигнат кинеските 200.000 дози

Од Владата информораат дека при евентуално утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе треба да ги врати средствата во Буџетот.

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

Александра Бубевска

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Слободен печат

Остави Коментар