Одлука на Советот на Општина Битола: Донација од 40.000 евра за изградба на модуларна болница

Битолската градоначалничка во заминување, Наташа Петровска

Советот на Општина Битола, на денешната вонредна онлајн седница, ја прифати иницијативата на градоначалничката Наташа Петровска, за вклучување во изградба на модуларен ковид центар и донесе одлука за донација на 40.000 евра.

Одлуката за издвојување на средства од општинскиот буџет ја донесоа советниците од власта и од опозицијата во Битола.

Програмата за поставување на модуларен ковид центар во дворот на Клиничката болница-Битола, според Петровска значи овозможување на општинските капацитети во функција на здравствените дејности и за граѓаните чија помош е потребна.

Во периодот на здравствената криза и пандемија, Општина Битола на сите здравствени установи во градот по разни основи за помош во ковид кризата им донираше над 80.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот