Одлучувачка недела за нови избори

Газета Експрес

Со неуспех резултираа обидите на косовскиот претседател да добие друго име за премиер на Косово од коалицијата на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Иницијатива.

Откако доби негативен одговор од правниот застапник на коалицијата ПАН, косовскиот претседател не посочи дали ќе ги продолжи консултациите со другите партии за да се обиде да го спроведе до крај овој мандат, така како што бара и Уставот. Но, сите партии ја отфрлија можноста да бидат дел од која било комбинација, пишува денеска „Коха диторе“.

Оваа недела се очекува да биде одлучувачка во однос на одредувањето на датумот на изборите. Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели, за во понеделник свика состанокот на претседателството со единствена точка на дневниот ред – Подготовки за одржување на пленарна седница за распуштање на шестото законодавно Собрание.

Но, пред да се распуштат себеси, Демократскиот сојуз најави дека бара седница за гласање за фондовите на Европската унија-ИПА, кои се околу 90 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот