Одложувањето на Олимпијадата ќе ја чини Јапонија скоро два милијарди долари!

фото: твитер

Иако Јапонија е финансиски многу стабилна земја, одложувањето на Олимпијадата може скапо да ја чини.

Овогодинешното одложување на 32 Летни олимписки игри во Токио поради пандемијата на коронавирусот ќе чини околу 1,9 милијарди долари, објавија јапонските организатори.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и јапонската влада беа принудени да ги одложат Олимписките игри во Токио поради ситуацијата со ковид-19.

За учество на Олимписките игри во Токио ќе биде потребна вакцина!?

До одлуката за откажување, организацијата на најголемиот спортски настан чинеше околу 13 милијарди долари, објави јапонскиот весник „Јомиури“.

„Ројтерс“ информира дека дополнителните трошоци за одложување на Олимписките игри вклучуваат плати на сите инволвирани во овој голем проект, како и примена на нов систем за враќање на билетите, но не и воведување мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот