Одложено второто судење за несреќата кај Ласкарци

Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци
Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Се одложи судењето за страотната несреќа со автобусот на Дурмо Турс. Наредното рочиште е закажано за 15 октомври, бидејќи еден од обвинетите Рамзи Мифтари, кој е шеф на возниот парк, има закажано операција.

Доколку Мифтари не се појави на наредното судење, тогаш постапката ќе се раздвои. Според обвинението, Мифтари го поставил апаратот кој ја криел точната брзина на автобусите на Дурмо Турс.

Обвинети се шестмина меѓу кои возачот и сопственикот на Дурмо Турс и гостиварскиот испитен центар.

Од несреќата којашто се случи во февруари, вкупниот биланс на жртви се искачи на 16 редовни патници на Дурмо Турс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот