Одложено судското рочиште „Катица против Боки-13“: Ќе се чека Јовановски да се опорави од операцијата

На Бојан Јовановски му е подобра здравствената состојба и е сместен во болничко одделение, а не на интензивна нега, информираше денеска судијката на која ѝ припадна предметот од тужбата на Катица Јанева против Јовановски за неовластено снимање.

Затворските служби го известиле судот дека Јовановски е на болничко лекување, а кога ќе запре боледувањето ќе биде спроведен.

– Од објективни причини не можеме да постапиме по наредбата за спровод на приватната тужителка Катица Јанева, бидејќи отсега куќниот притвор е во Гевгелија, ја известиле судијката од ПС Центар. Кон тужбата на Јанева се предложени 22 фотографии како доказ. Фотографиите се направени во нејзиниот дом, во нејзината канцеларија и во ресторани – извести адвокатот на екс специјалната обвинителка, Дељо Кадиев.

Прочитајте и...  Митко Јанчев повикува на мирен протест за смена на Мицкоски

Судијката, поради тоа што не се исполнети условите, го презакажа рочиштето за 19 октомври во 12 часот, бидејќи, како што вели, не знае колку време ќе му биде потребно на обвинетиот Јовановски да се опорави.

На Бојан Јовановски му прснал чир, се наоѓа во стабилна состојба

Поврзани вести

ВИДЕО: Ова е младата пратеничка на која Дачиќ и отстапи микрофонот за пеење

Илинка Иљоска

Италија пријави најмногу заболени во еден ден, речиси 25.000

Слободен печат

Со позитивен корона тест, но лесни симптоми и Марјан Забрчанец

Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени

Илинка Иљоска

Налепниците за растојание во Либија го добија ликот на Макрон

Илинка Иљоска

Детално за мерките и казните – маските се задолжителни секаде, без нив – 20 евра

Слободен печат

Остави Коментар