Одложено судењето за „Титаник”, новото рочиште закажано за три дена

Фото: МИА

Поради отсуство на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, одложено е денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство.

Од Кривичниот суд инфорираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување.

Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство. Новото рочиште е закажано за 19 август.

Освен Груевски, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот