Одложено судењето за „Таргет-Тврдина”, Мијалков има симптоми на коронавирус

Фото: Слободен печат

Денешното рочиште за судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” е одложено за в петок. Причина за одложувањето е отсуството на првообвинетиот Сашо Мијалков, кој од вчера е во самоизолација, имал покачена температура и кашлица откако неговата сопруга била позитивна на ковид-19.

До судот, адвокатот Љупчо Шврговски бранителот на Мијалков го достави позитивниот тест и издадената терапија. Претходно, Судот нотираше писмен допис од Стојанче Ангелов, со барање да биде вклучен како оштетен во овој предмет. На денешното рочиште, требаше да бидат сослушани повеќе сведоци-оштетени.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска и Трајче Пеливанов.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20.000 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот