Одложено судењето на Асанж: Адвокатот на САД е суспектен на Ковид-19

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Рочиштето за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж што беше закажано за денеска, е одложено поради стравување дека еден од адвокатите бил изложен на коронавирусот.

Судијката Ванеса Бараитсер го одложи судењето за в понеделник, откако дозна дека еден од адвокатите што ги застапуваат САД во случајот бил изложен на вирусот. Адвокатот е тестиран, а резултатите се очекуваат во петок.

Во Лондон во понеделникот почна сослушувањето на Асанж, чија екстрадиција ја бараат САД поради наводен заговор, хакирање на владини компјутери и кршење на Законот за шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот