Одложено рочиштето за последното судење за убиството на струмичанецот чие тело беше фрлено во браната „Турија“

Фото: Профимедиа

На денешното рочиште одбраната на обвинетиот Велев требаше да даде завршни зборови, а во наредните денови судијката Каламерникова требаше да ја објави пресудата.

Последното рочиште од судскиот процес против Марјанчо Велев (54) од струмичкото село Добрејци, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај лани врз струмичанецот Ристо Иљашев, е одложено за 3 февруари заради тоа што обвинетиот не беше спроведен на денешното судење од страна на
затворската полиција од Затворот Скопје.

По чекање од повеќе од еден и пол час судијката Цона Каламерникова ги извести странките дека од Затворот Скопје е информирана дека настанала забуна околу спроведувањето на обвинитетиот и поради тоа од затворот се извинуваат за пропустот.

На денешното рочиште одбраната на обвинетиот Велев требаше да даде завршни зборови, а во наредните денови судијката Каламерникова требаше да ја објави пресудата.

Според обвинението, Марјанчо Велев се товари за убиство извршено на 7 мај лани при што од зад грб пукал со огнено оружје од непосредна близина во главата на Иљашев и потоа неговото тело го фрлил во браната „Турија”, затворено во метално буре.

Инаку, полицијата го сомничи Велев дека е сторител и на уште едно убиство врз шеесет и две годишниот А.М., извршено на 9 октомври 2018 година, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија“ на 5. август лани. За овој случај ОЈО Струмица се уште нема подигнато обвиние.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот