Одложено рочиштето за „27 април“, дел од адвокатите се во самоизолација

Следното рочиште е закажано за 25. март.

Дел од адвокатите кој ги застапуваат обвинетите за предметот организатори на „27 април”, одлучиле да останат во самоисолација откако преку писмо го известиле судот дека изминатиот период престојувале надвор од државата.

Од овие причини денешното рочиште за овој предмет се одложи за 25 март.

Обвинети во овој предмет се поранешениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

На претходно рочиште обвинетите во воведни говори изјавија дека ова е политички прогон нарачан од извршната власт.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков, додека обвинението го застапуваа обвинителката Вилма Рускоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот