Одложено асфалтирањето на дел од „Партизанска“ поради временските услови

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди”, на дел од мостот „Обединети Нации” до ул. „Московска”, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.

Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој, инфомираат од Град Скопје, ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.

– Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот, стои во информацијата од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот