Одложена затворската казна на Јанкулоска - Слободен печат
Хроника

Одложена затворската казна на Јанкулоска

Издржувањето на затворската казна се одлага додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на 1 јули нема да оди во затвор на издржување на казната затвор за случајот „Тенк“, одлучи Врховниот суд. Судот го уважил барањето на Јанкулоска да и се одложи затворската казна и решението го испратиле до Кривичниот суд.

Издржувањето на затворската казна се одлага додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.

Јанкулоска првично беше осудена на затворска казна од шест години за набавката на луксузниот „мерцедес“, а Апелацискиот суд и ја намали на четири години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Еден коментар

  1. Секој саат одлагање значи една годин подоцна датум за преговори. Не само за личноства туку за сите криминалци како нејзе и слични.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close