Одложена расправата за пописот, Груби ја откри причината

Денеска на собраниската Комисија за европски прашања требаше да се разгледува предлог-законот за попис, но претседателот на комисијата Артан Груби за одложи седницата.

Во политичките кругови се шпекулира дека одложувањето на седницата е за да не се креваат тензии пред посетата на премиерот Зоран Заев на Берлин, поради лобирање за добивање на датум за почеток на прегоорите со ЕУ овој или наредниот месец.

За опозицијата спорна што како жител на државата ќе се попише и нејзиниот државјанин кој, иако во моментот на пописот не е тука или е на привремен престој во странство, ќе биде регистриран доколку негов близок роднина на истата адреса го пријави неговиот единствен матичен број. Со ова се шпекилира дека сите гастарбајтери и нивните семејства кои подолги години живеат и работат во Цирих, Базел, Љубљана или Чикаго, од страна на нивните роднини во Македонија, иако отсутни, ќе бидат попишани како жители на државава.

Претседателот на Комисијата за европски прашања пак вели дека  денешната седница е одложена бидејќи за првата точка од дненвиот ред, а тоа е разгледување на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, не обезбедиле претставник од мисијата на ЕУ.

-Комисијата ја закажавме во петокот попладне, времето беше кусо и за жал не успеавме да осигураме претсавник од мисијата на ЕУ ниту да ги поканиме допломатскиот кор, невладините и други гости – вели Груби.

Тој вели дека не се точни шпекулациите на опозицијата за причините за одложување на пописот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот