19.8 C
Скопје

Одложена мировната конференција за Авганистан

Меѓународната мировна конференција за Авганистан, закажана за подоцна оваа недела, е одложена. Ова се случи откако талибанците не се согласија со разговорите, објави „Хил”.

Конференцијата требаше да почне во Истанбул в сабота и да трае до 4 мај, но Турција, Катар и ОН, кои планираа да посредуваат во дискусиите меѓу авганистанската Влада и талибанците, наведоа дека условите не се соодветни за да се постигне напредок во разговорите.

Преговорите имаа за цел да ги поддржат разговорите кои почнаа во Доха минатиот септември за да се постигне праведен и траен мир во Авганистан, нагласија трите земји во заедничката изјава.

Со оглед на последните случувања и по консултации со државите било договорено да се одложи конференцијата за друг датум кога условите за постигнување напредок би биле поволни, нагласија тие.

– Турција, Катар и ОН ќе продолжат да прават сериозни напори за постигнување мир во Авганистан, се додава во заедничката изјава.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар