Одложена и шеста трка во Мото ГП шампионатот

фото: мото гп

Прва наредна трка во Мото ГП календарот е за ГН на Италија (Муџело) што треба да се вози на 31 мај.

Големата награда на Франција во мотоциклизам е шестата одложена трка во Мото ГП шампионатот во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

Настанот, според календарот, беше закажан на 17 мај на патеката во Ле Ман.

Оваа сезона досега единствено откажана е трката во Катар, потоа трките во Аргентина и САД веќе имаат нови термини во ноември, додека трката во Тајланд е поместена за октомври.

Прва наредна трка во Мото ГП календарот е за ГН на Италија (Муџело) што треба да се вози на 31 мај.

Минатата сезона титулата во „кралската“ класа ја освои Шпанецот Марк Маркез со својата „Хонда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот