Одложена априлската Формула 1 трка во Кина

фото: твитер

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) денеска објави дека го прифати предлогот на организаторите на трката во Шангај.

Големата награда на Кина во Формула 1 официјално денеска е одложена поради епидемијата на коронавирусот.

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објави дека го прифати предлогот на организаторите на трката во Шангај.

Трката првично требаше да се одржи на 19. април. ФИА соопшти дека е потребно време да се водат разговори за нови потенцијални датуми на трката.

За првпат од 2011 година (ГН Бахреин поради Арапската пролет) се поместува Ф1 трка.

Во заедничка изјава на Светската автомобилистичка организација (ФИА) и Формула 1 се наведува дека оваа одлука е донесека со цел да се заштити здравјето и безбедноста на возачите, членовите на екипите и навивачите.

Официјалните лица на Шангај воедно препорачаа откажување на сите спортски случувања, а после новиот извештај на Светската здравствена организација во која се вели од коронавирусот починаа повеќе од 1.000 луѓе, Формула 1 и ФИА одлучија да одложи трката.

Формула 1 и ФИА ќе ги продолжи разговорите со тимовите, организаторите и локалните власти со цел да го договорат новиот датум на одржување на трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот