Одложен уште еден натпревар на Металург во Лига на Европа

Фото: rkmetalurg.mk

Екипата на Металург наредната недела нема да го игра својот натпревар во рамките на Лигата на Европа против АОН Фиверс.

Причината за ваквата одлука на Европската ракометна федерација е позитивниот случај на коронавирус во редовите на австрискиот тим. Австриските здравствени власти наложиле целата екипа на АОН Фиверс да замине на задолжителен двонеделен карантин, што значи дека Металрг ќе почека за европското деби на домашен терен.

Претходно Металург треба да игра против полската Висла Плоцк, но тогаш целиот тим металурзите беа во самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот