„Одложен“ трансферот во Галата: Алиоски се плаши од реакцијата на навивачите на Лидс!

Фото: EPA-EFE/Rui Vieira/POOL

Договорот на Езџан Алиоски со Лидс Јунајтед треба да истече следниот месец, по што ќе биде слободен агент.

Лидс му понуди на 29-годишниот македонски репрезентативец фудбалер продолжување на договорот неколку месеци наназад, но двете страни не се договорија и се чини дека нашиот играч ќе ја напушти Англија на крајот од сезоната.

Од друга страна и натаму ја има довербата кај менаџерот Марсело Биелса, има вкупно 32 настапи во Премиер лигата сезонава. Во изминатиот период Наполи покажал интерес за Македонецот за да го замени Фаузи Гулам кој е во заминување, но се остана само на тие информации.

Многу поголема е веројатноста дека ќе се пресели во Истанбул во редовите на Галатасарај кога ќе му истече договорот на „Еланд Роуд“. Така барем пренесува турскиот медиум „ФотоМач“, кој воедно тврди дека Алиоски го замолил Галатасарај засега да не го официјализира трансферот.

Тој веќе има преддоговор со Галата и чека да заврши тековната сезона за објавување на трансферот. Нашиот играч стравува од реакцијата на навивачите на Лидс кои не можат да ги заборават немилите настани во 2000 година кога двајца навивачи на овој премиерлигаш беа избодени во Истанбул на полуфиналниот дуел од тогашниот УЕФА куп помеѓу Галатасарај и Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот