Одложен натпреварот на Еурофарм Пелистер против Рајн Некар Левен!

Фото: РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот од деветтото коло на групата „Д“ во Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен.

Причината е неможноста германскиот клуб да допатува во Битола, а целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада.

Рајн Некар Левен мора во рок од 48 часа да пристигне во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се врати дома.

Клубот од Бундеслигата не пронајде таква опција и побара од ЕХФ одложување. РК Еурофарм Пелистер ја прифаќа одлуката на Европската ракометна централа и очекува информации за нов термин за одигрување на натпреварот.

Во меѓувреме клубот и тимот ќе се насочи на следните натпревари против Татран Прешов во СЕХА Гаспром лигата и со Кадетен Шафхаузен во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот