Одложен натпреварот Е. Пелистер – Татабања

фото: facebook.com/ihtstruga

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе почека за да ја стартува сезоната во ракометна Европа, односно во Лигата на Европа бидејќи ЕХФ денеска и официјално го откажа натпреварот против Татабања кој требаше да се одигра на 20. октомври во Битола.

Причината за тоа е коронавирусот со кој зараензи дури 15 ракометари на унгарскиот тим и ЕХФ ја прифати молбата на Татабања да го одложи натпреварот.

Новиот термин се очекува дополнително да биде одреден во договор со клубовите и Европската ракометна федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот