Одложен најважниот настан на хрватското претседателство со ЕУ

Фото: Архива на „Слободен печат“

За да го ограничи ширењето на пандемијата на вирусот и да ги ублажи нејзините ефекти, хрватското претседателство со Советот на ЕУ одлучи да ги одложи до 15 мај.

Хрватското претседателство со Европската Унија поради ширењето на вирусот ковид-19 го одложи самитот меѓу земјите на ЕУ и западниот Балкан кој беше планиран за 7 мај во Загреб.

За да го ограничи ширењето на пандемијата на вирусот и да ги ублажи нејзините ефекти, хрватското претседателство со Советот на ЕУ одлучи да ги одложи до 15 мај сите неформални состаноци и конференции кои требаше да се одржат во Хрватска, соопшти хрватското претседателство. Во одлуката е вклучено и одложувањето на загребскиот самит, пренесува хрватски Индекс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот