Одложен најавениот прекин на вода на булеварот „Борис Трајковски” бб

Вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

ЈП „Водовод и Kанализација’ – Скопје информира дека поради технички причини за друг ден до крајот на месецов се одложува најавата за водоводен приклучок на булеварот „Борис Трајковски” бб.

Претрпијатието претходно во текот на денов соопшти дека без вода утре ќе бидат дел од корисниците кај булеварите „Србија” и „Киро Глигоров”, односно корисниците од хотел „Хилтон” на булевар „Србија” и од булевар „Киро Глигоров” – Салон на Мерцедес, ФОН, Бриколаж, Славија и Нептун. Намален притисок, пак, на водата ќе има кај корисниците од населбите Маџари, Хиподром и Синѓелиќ, поради уличен дефект на цевка ф 500 мм на булевар „Киро Глигоров” кај ФОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот