Одложен мечот меѓу Фарски Острови и Македонија

ffm.mk

Квалификацискиот натпревар меѓу Фарски Острови и Македонија за репрезентации до 21 година е одложен поради замрзнат терен на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн.

Дуелот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство 2021 година требаше да се одигра денеска од 18:00 часот, но условите на теренот не дозволуваат истиот да се одигра во предвидениот термин.

По состанокот меѓу делегатот на натпреварот, судиите и официјалните претставници на двете федерации потврдено е одложувањето на натпреварот, а пресметката меѓу двете селекции е презакажана за јуни, 2020. година.

Квалификации за ЕП 2021

Група „6“

Табела:

1.Шпанија 12 бодови
2.Израел 7
3.Македонија 7
4.Казахстан 7
5.Црна Гора 4
6.Фарски Острови 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот