Одложен е натпреварот Тотенхем – Рен

Антонио Конте / фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Рен од последното коло во групата Г во Лигата на конференции  кој требаше да се игра утре, е одложен поради  бројните случаи на позитивни на коронавирус во англискиот тим.

Менаџерот на Тотенхем, денеска потврди дека има 13 позитивни на ковид-19, од кои осум се фудбалери, а пет се членови на клупскиот персонал и поради тоа немал доволно фудбалери на располагање.

Според правилата на УЕФА, за да се одигра натпреварот потребно е екипата да има 13 фудбалери на располагање од кои еден мора да биде голман. Но, по долго тактизирање, УЕФА одлучи да го одложи натпреварот, а новиот термин ќе биде дополнително објавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот