Одлично видео со петминутен тренинг што ќе ви замени цел час вежбање во теретана! (ВИДЕО)

Profimedia,

Теретаната повеќе не работи, но тоа не значи да престанете да вежбате. Ова одлично видео е вистински спас во периодот на изолација, а не требаат реквизити туку само катче од домот во кое ќе имате мир.

Вашиот дом може да стане мала приватна теретана со помош на ова видео со кардио вежби за кои не треба да издвоите многу време, а не ви се потребни ниту реквизити.

Овој тренинг е толку добро осмислен што заменува цел час вежбање во теретана. Трае 5 минути, додуша, тренингот е прилично интензивен, но признајте – ако трае само пет минути не може да биде толку страшно!

Се изведуваат пет вида на вежби во траење од 30, 45 и 60 секунди. Во овие неколку минути добро ќе се испотите, но ќе ви проработи секој мускул и ќе согорете приличен број на калории. Затоа, пронајдете го вашето мирно катче во домот и вежбајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот