Одлично пред одморите: ДЕТОКС со помош на рен

рен
Фото Профимедиа

Ренот е намирница која го прочистува организмот, го подобрува метаболизмот, го намалува уморот и ја подобрува цревната флора.

Неговите позитивни дејства врз човековото тело се многу пати докажани и на дело. Често се користи во азиската и медитеранската кујна, најмногу коренот, но вкусни се и младите листови, кои се ставаат во салата.

Ренот го користеле и старите Грци. Богат е со витамин Ц, калиум, витамини Б1 и Б6, железо, калциум, магнезиум, фосфор…

За да направите лек за детоксикација на телото, потребни ви се:

125 гр рен
3 лимони
3 лажици мед

Подготовка:

Најпрво иситнете го ренот во блендер. Потоа исчистете ги лимоните од семки и заедно со кората и ренот изблендирајте ги. Измешајте со медот и префрлете ја смесата во тегла.

Користете ја оваа смеса три недели, двапати дневно по една лажичка, еднаш заедно со појадокот и еднаш после ручекот.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот