Одлично лондонско дерби на „Емирати“, Арсенал се врати од 0:2! (ВИДЕО)

dailymail.co.uk

Тотенхем на „Емирати“ стадионот во Лондон поведе уште во 10 минута, после шутот на Ерик Ламела голманот на „топчиите“ Лено ја одби топката до Кристијан Ериксен на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата.

За Ериксен ова беше јубилеен 50 погодок во најсилната англиска фудбалска лига и така тој е првиор Данец успеал да стигне до таа бројка, а првпат во кариерата ја затресе мрежата на најголемиот ривал.

На пет минути пред крајот на првото полувреме, Спарси ја зголемија предноста. Мартин Еткинсон покажа на белата точка откако Гранит Џака го фаулираше Сон.

Прецизен од 11 метри беше Хари Кејн, постигнувајќи го 10 гол во дерби мечевите на Северен Лондон. На тој начин се израмни со рекордерите Емануел Адебајор и Боби Смит. Шест од тие 10 погодоци Кејн ги постигна од пенал.

Во судиското надополнување од првиот дел, Арсенал намали на 1:2. Пепе ја уфрли топката во казнетиот простор каде најдобро се снајде Лаказет кој ја затресе мрежата на Лорис.

Лорис во 56 минута имаше фантастична интервенција откако го запре ударот на Гендузи, а 180 секунди подоцна Кејн после една одлична акција ја погоди стативата.

И во 66 минута Лорис се истакна на врвно ниво, со крајни напори го запре и незгодниот силен удар од далечина од страна на Себаљос. Во 71 минута Лорис сепак вторпат мораше да ја вади топката од сопствената мрежа, бидејќи Гендузи упати една одлична топка, а нејзиниот правец само малку го промени Обамејанг за 2:2.

Претходно Евертон го совлада Вулверхемптон во еден возбудлив меч исполнет со пет голови (3:2). На табелата после првите четири кола води Ливерпул со максимални 12 бодови, пред Манчестер сити (10), Лестер (8), Кристал Палас (7), Арсенал (7)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот