Одличните хаус звуци на Вук Смиљаниќ доаѓаат во Скопје!

Фото: Промо

По одличниот старт на вториот дел од летната сезона и настапот на неодоливата Нада Димитријевиќ, и овој петок продолжуваат веќе традиционалните забави под мотото Intermezzo Music Rituals. Така, петокот (14 август) овој пат е резервиран за хаус звуците и гостувањето на одличниот Вук Смиљаниќ.

Вук важи за еден од носителите на белградската музичка сцена. Тој е диџеј и продуцент и долгогодишен резидент во култните клубови: Младост, Гадост, Кучица и Ласта Градски Сплав. Смиљаниќ со себе ќе го донесе вајбот на белградската денс култура, па затоа дружбата со него е нешто што не смее да се пропушти.

Приказната не завршува тука, ново име не очекува и следниот петок за кога е закажано уште едно музичко патување и продолжение на летната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот