Одлични вести од Кина: Прогласен крај на епидемијата на коронавирус

ФОТО: ЕРА

Според последните податоци, во Кина од почетокот на пандемијата, се регистрирани 81.439 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 75.448 лица оздравеа, додека 3.300 починаа.

Ширењето на коронавирусот на територијата на Кина е запрено, соопшти официјалниот претставник на Комитетот за здравствени прашања Ми Фенг.

„Брокот на потврдени случаи на инфекција е помал од 3.000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина целосно е запрено“, изјави на брифингот Ми Фенг.

Според последните податоци, во Кина од почетокот на пандемијата, се регистрирани 81.439 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 75.448 лица оздравеа, додека 3.300 починаа.

Претходно медиумите објавија дека во кинеската провинција Хубеј (освен во Вухан), која е позната како жариште на ширењето на инфекцијата Ковид – 19, по два месеци е обновен внатрешниот патнички авиосообраќај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот