Одлични вести, Кузмиќ ја напушти болницата

фото: КК Црвена звезда

Огњен Кузмиќ кој пред десетина денови имаше тешка сообраќајна несреќа и се наоѓаше во вештачка кома, денеска е пуштен на домашно лекување.

Докторите во Ургентниот центар во Белград се задоволни од опоравувањето на кошаркарот и одлучија рехабилитацијата да ја продолжи во друштво на своето семејство но под постојан надзор на докторите.

„ Лекарскиот конзилиум кој ги изврши прегледите во четвртокот е задоволен од здравствената состојба на кошаркарот на Црвена звезда и одлучи Огњен Кузмиќ рехабилитацијата да ја продолжи во друштво на своето семсјтво но со чести и детални контроли. Црвена звезда им се заблагодарува на докторите од Бања Лука и од Белград кои со максимален ангажман за 11 денови успеаја невозможното да го направат возможно – да ги санираат тешките повреди “, стои во соопшението на Црвена звезда.

Кузмиќ по сообраќајната несреќа во Република Српска беше во вештачка кома за да можат да се санираат повредите, а минатата среда му беше извршена операција на горната вилица за да може полесно да дише.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот