Одлични резултати на македонските џиу џицу претставници

Во главниот град на соседна Бугарија, малубројната македонска експедиција оствари одлични резултати.Во пионерска конкуренција, Бодан Станковиќ во конуренција на бели појаси, го освои златниот медал.

Миа Ивановиќ се закити со бронзен медал во борбата со врсниците со сиви појаси, додека Марко Златановски во мошне силна конкуренција на жолти појаси, успеа да дојде до второ место и сребреното одличје.

Во сениорска конкуренција одлични беа Перица Петровиќ и Американецот Морис Џонс, кој е член на клубот „Карлос Маја”, откако и двајцата триумфираа во своите тежински категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот