Одлична идеја за денешниот ручек – Пилешко во сос од павлака (РЕЦЕПТ)

Состојки:

500 грама пилешки батаци (може и бело месо)
250 мл неутрална павлака
125 грама кашкавал трапист
зачини од билки
неколку стебла праз

Подготовка:

Месото малку зачинете го и пропржете го во масло од двете страни. Добро измијте го празот, исечете го на четвртини и заедно со пропрженото пилешко месо, кое претходно сте го исцедиле од маснотијата, наредете го во плех. Прелијте со неутралната павлака, изрендајте го кашкавалот трапист и печете во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени, сѐ додека не се испече добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот