Одличен ждреб за Ѓоковиќ на турнирот во Шангај: Против Синер и Алкараз може да игра само во финалето
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ доби поволен ждреб за турнирот во Шангај кој започнува на 2 октомври.
Ѓоковиќ турнирот кој го освоил четири пати во кариерата ќе го започне против подобриот од мечот помеѓу Чунлакоете Бу и Алекс Бикелсен. Против најголемите ривали, Карлос Алкараз и Јаник Синер, српскиот тенисер би можел да игра само во финалето затоа што се на другата страна од ждребот.
Во потенцијалната трета рунда се очекува да се сретне со Фалвио Коболи или ветеранот Вавринка, додека четвртото коло може да донесе пресметка против Тиафо или Бублик. Можни противци во четвртфинале за Ѓоковиќ се Андреј Рубљов, Григор Димитров и Алексеј Попирин кого го исфрли на САД опен.
Во полуфиналето се очекува Новак да се сретне со еден од Зверев, Руне и Фриц. Мастерсот во Шангај започнува на 2, а завршува на 13 октомври.
Novak Djokovic’s draw for Shanghai 2024:
Round 1: Bye
Round 2: 🇨🇳Bu/🇺🇸Michelsen
Round 3: 🇮🇹Cobolli/🇨🇭Wawrinka
Round 4: 🇺🇸Tiafoe/🇰🇿Bublik
Quarterfinal: 🇷🇺Rublev/🇧🇬Dimitrov/🇦🇺Popyrin
Semifinal: 🇩🇪Zverev/🇩🇰Rune/🇺🇸Fritz
Final: 🇮🇹Sinner/🇪🇸Alcaraz/🇷🇺Medvedev pic.twitter.com/WWB6Ukgq82— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) September 30, 2024