Одличен избор: Синди Крафорд и ќерка ѝ Каја во преубави модни комбинации (ФОТО)

Супермоделот Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер присуствуваа на настан во организација на „A Sense of Home“, а притоа многумина коментираа дека Каја сè повеќе личи на мајка си.

За оваа пригода Каја одбра смела блуза со само едно копче на градите, која го откриваше нејзиното деколте и стомакот, како и панталони ѕвонарки, кои ги истакнаа нејзините нозе. Подоцна Каја ја надополнила комбинацијата со бело сако со црвена торбича, кои ја освежија нејзината комбинација.

Синди пред три години зачекори во шестата деценија на животот, а изгледа преубаво, пред сè благодарение на здравиот начин на живот. На настанот манекенката беше облечена во „припиен“ миди фустан.

Погледнете како изгледаа.

instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот