Одлепи се од несреќата, о, Македонецу!

Луѓето се олеснуваат по фејсбуков како што се празнат во тоалетните чинии.

Ја спуштаат даската на ѕидот и – серат!

Како бигли.

Нема да гласаме, па тамам од другата страна да ви е и Алкаида!

Тоа е таа мантра.

Тоа е тоа ментално говно.

Па, добро, не гласајте, но проблемот е во тоа што од другата страна е нешто што е малку пострашно од Алкаида!

Ал Завахири е Артур Кларк за Скотот од Кичево.

Тој, мислам Скотот, не Завахири, се има оќелавено по средбата со пророчицата во Издеглавје, која му рекла дека влакната на главата можат да го наведат на погрешна адреса и наместо во кулите на Македонија, да се зарие у пизду материну.

И затоа има оставено по некое влакно.

За нас.

Како пички.

Друга некоја гуска му рекла дека Македонците се луди, односно дека ним со памет не може да им се дејствува.

Овој му го пренел тоа на својот лидер и тој сместа отишол на Топ-тема да ја возбуди јавноста со касетните говна на својата доктрина.

Мицко: Заев е деспот што ни ја покрива иднината!

Тричко: Чекај, па тоа е како Бредли Купер да тврди дека не може да гледа Супербоул, затоа што Ирина Шајк му го покрива погледот кон телевизорот додека го јава во сексот на каучот.

Како, бе, Бредли!?

Дебела е, бе, пизда и материна.

Оууу јес.

Вика Македонецот, од, штојазнам, Перт.

„Фајненшел тајмс“ пишува, драги мои, не Тричковски, за црните времиња/денови што ќе нè јавнат ако вие решите да бидете мали кичевски скотчиња. Макар што и „Тајмсот“ го пишува тоа што Тричковски го пишува, еве, има веќе триесет години.

Па, вие видете што ќе правите.

Не го банализајте злото, односно не се банализирајте самите себе.

Сите се исти!?

Не се, но и да се, ние мораме да ја избереме разликата, не поради естетски причини, туку затоа што на таа разлика виси нашиот живот.

Што сакаат да кажат Тричковски и „Фајненшел тајмс“.

Црни денови.

Што се тоа црни денови?

Црни денови се денови што се црни.

Хахаха!

Денови кога наместо шекер, во кафето ви паѓа ѕидот на кафеаната кајшто сте седнале.

Или кога во очи ви експлодираат апчињата што сте ги купиле во аптеката во која не можете да се вратите и да рекламирате, затоа што аптеката веќе ја нема.

Кога бензинот се продава во ампули.

Не ја проектирајте иднината врз основа на телевизиските реклами и турските и вмронските серии. Особено не врз основа на средствата за миење на мозокот што секојдневно ви ги вбризгуваат во главата.

Мира Дизел ќе ја ебеме на друг тросед.

Одлепи се од несреќата, о, Македонецу!

Од вмро.

Тоа е клучно.

Не од вмро-дпмне.

Од вмро.

Да ти го ебам вмрото, глупаку!

Така викам јас кога наздравувам.

И така, со крената чашка, си викам: Тричко, никогаш не сме биле подобропласирани во Европа и во светот, никогаш, решението за датумот не е „дебакл“, како што тврдат македонските скотчиња, не е „катастрофа“, туку е најголем дострел на политиката за која може да се каже дека е национална, датумот ќе биде плус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот