Одите во тоалет само „за секој случај“? Уролозите предупредуваат да се одвикнете од оваа навика

Дали одите да уринирате пред да влезете во автомобилот, пред да одите да гледате филм или пред вежбање, па дури и кога немате потреба од тоа? Уролозите предупредуваат дека тоа не е најдобра идеја…

Уринирањето „за секој случај“ може да ви нанесе повеќе штета отколку корист.

Тоа значи дека мочниот меур никогаш нема да се наполни до нормалното ниво – повеќе од 200 милилитри – бидејќи често го празните. Ако не се растегне со полнење, мочниот меур со текот на времето ќе ослаби, што значи дека ќе мора да уринирате почесто. Имало случај на пациент што морал да уринира 22 пати на ден, токму поради таа навика, велат гинеколозите.

Луѓето што инаку често уринираат, пробуваат да го решат тој проблем така што консумираат помалку вода, но и тоа е грешка. Ако не внесувате доволно вода, урината станува силна, има повеќе киселини и го иритира мочниот меур, па ќе мора почесто да уринирате.

Мочниот меур задржува околу 400 до 500 милилитри, велат гинеколозите. Но, ако одите во тоалет пред мочниот меур да е навистина полн, би можеле да го истренирате да мора да го празните додека е само половина полн.

Откако ќе се навикнете на „предвремено и прерано“ одење во тоалет, тешко потоа ќе се ослободите од таа навика.

Ако го празните мочниот меур премногу често и прерано, ќе заборавите колку навистина можете да издржите, објаснуваат гинеколозите. Но, ако сте склони кон често уринирање, не плашете се од „превентивно уринирање“ пред долго патување и слично. Уринирањето „за секој случај“ одвреме-навреме нема да предизвика проблеми, освен ако не станува збор за дневна навика. Но, ако честите посети во тоалетот ве фрустрираат, секако обидете се да се ослободите од таа навика. Во тоа би можеле да ви помогнат Кегеловите вежби.

Гинеколозите објаснуваат за што станува збор.

Мускулите на дното на карлицата може да се зајакнат со Кегелови вежби. Што да правите – најсликовито би било да се каже дека тоа е „запирање на млазот на урината во моментот кога најсилно ќе се напнете кај полниот мочен меур за да уринирате“. Таа стискање на мускулите, таа мускулна контракција би требало да се направи неколку стотици пати на ден и така барем неколку месеци за да ја забележите промената. Сè е многу напорно, макотрпно, а за некои дури и здодевно. Но, се исплатува како и секоја физичка активност. Најдобро е кога тоа ќе прејде во секојдневна навика со некоја друга активност – кога се возите накај работа, кога правите некоја друга, на пример, седечка работа…

Пијте многу вода, но не уринирајте „за секој случај“, туку одете во тоалет тогаш кога навистина имате потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот