Одиме во Македонија на сè или ништо

фото: nzs.si

Фудбалската репрезентација на Словенија денеска пристигна во Скопје каде утре ја очекува натпревар против Македонија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

На стартот од квалификациите, во второто коло, Македонија одигра 1:1 на гостувањето во Љубљана, но во последните три кола Словенија нанижа победи над Летонија (0:5), Полска (2:0) и Израел (3:2) со кои се искачи на втората позиција на табелата и во одлична атмосфера го дочекува утрешниот натпревар на Националната Арена „Тодор Проески“.

– Одиме во Македонија на сè или ништо! Оптимисти сме и полни сме со самодоверба. Сакаме шест бода од двата меча во овој квалификациски циклус, но одиме чекор по чекор, затоа мислите ни се насочени само на натпреварот со Македонија. Знаеме која е Македонија, репрезентација со одлични индивидуалци. Натпреварот во Љубљана беше израмнет, а Македонија можеше да победи исто како што можевме и нив. Но, ние во Скопје не доаѓаме по реванш или одмазда, туку по три бода кои ни се многу важни. Тоа што ме радува е што сите во репрезентацијата играме стандардно, даваме голови и тоа е многу важно – вели еден од најдобрите словенечки фудбалери Бенјамин Вербич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот