„Оди јади нешто, убава си, ама твоето тело…“: Фановите ја искараа Емина Јаховиќ поради оваа фотографија!

Фото: Инстаграм

Емина Јаховиќ со новата фотографија на Инстаграм предизвика и не баш толку сјајни коментари, бидејќи некои од фановите сметаат дека таа е преслаба.

Пејачката позираше во поткрената маичка и кратки панталони, комплетно нашминкана, а во преден план беше нејзината половина, поради која многумина сметаат дека претерала со слабеењето.

Познато дека Емина секогаш води сметка за изгледот и редовно тренира, па поради тоа се должи ваквиот изглед.

„Оди јади нешто… Убава си, но твоето тело… Ова е премногу“… – напишал еден од нејзините фанови.

Се разбира, имаше и такви кои не и „забележаа“ за ваквиот изглед, па и даваа комплименти, а меѓу нив и еден кој беше врзан за нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал со кого има два сина.

„Мустафа е луд што испушта ваква убавица“ – гласел коментарот.

Погледнете ја:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот