„Оди и не се враќај“: Повеќе од 41.000 луѓе потпишаа петиција да се спречи враќањето на Безос на Земјата

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Повеќе од 41.000 луѓе потпишале петиција со која се повикува на спречување на враќањето на американскиот милијардер Џеф Безос на Земјата после планираното патување во вселената следниот месец.

Безос, сопственикот на „Амазон“ и основачот на вселенската фирма „Блу ориџин“, најави на почетокот на јуни дека тој и неговиот брат Марк ќе одат во вселената со ракетата „Њу Шепард“ на 20 јули, што ќе биде првиот лет на компанијата со човечки екипаж.

Три дена по објавата на Безос, покренати се две петиции со намера дека ќе се спречи неговото враќање на Земјата. Двете стекнаа илјадници поддржувачи за само 10 дена, пишува Јаху њуз.

Повеќе од 36.000 лица ја потпишаа петицијата на „Change.org“ со насловот, „Не дозволувајте Џеф Безос да се врати на Земјата“.

„Милијардерите не треба да постојат… на Земјата или во вселената, но ако се одлучат за патувањето, тие треба да останат таму“, стои во описот на петицијата.

„Ако можат да испратат милијардер на Марс, зошто не ги испратат сите таму?“, праша една корисничка на „Change.org“.

Другата иницијатива, „Петицијата да не му се дозволи враќање на Безос на Земјата“, собра повеќе од 19.700 потписи. Основачот на петицијата, Хосе Ортиз рекол во описот дека Безос е „злобен господар насочен на глобална доминација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот