Оџа Халими: Tреба паметно да се поставиме кон оваа појава, но претпазливоста да не прекрасне во паника

Владата во своите мерки кои ги презема за разни дејствија во општество има такви кои делумно се наложуваат, делумно се препорачуваат.

Во оние кои се препорачуваат, е и таква во која инстутуции меѓу кои и верските заедници да размислат како можат да ја прилагодат својата активност во рамките на една ситуација каква што е оваа со Корона вирусот, бидејќи верските објекти се места каде што доаѓа до голем број на средби, луѓе.

-Од почетокот на појавата на вирусот имаме наши искажувања, првенствено да не се дозволи да се рашири паника, дека сакале или не треба паметно да се поставиме кон оваа појава. Верски, исламски гледано, пред 1.400 години кажано од пророкот Мухамед, дека ако си во едно место каде има некаква појава на некаква пандемија, не треба да се излезеш од тоа место, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ оџата од Атунџук џамијата, Беким Халими.

Тој повика на претпазливост, но да се избегне паниката.

-Но пророкот Мухамед кажува исто така – Бегај од заразениот како да бегаш од лав. Значи треба да се пазиме, но никогаш претпазливоста да прерасне во паника, изјави  Халими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот