Одговорноста ја презеде огранок на ИД: Револт во Авганистан по убиството на три новинарки

Во Џалалабад денеска се погребани трите новинарки кои работеа за телевизијата „Еникас“, а беа убиени во два напада додека го напуштале работното место. Одговорноста за нападите ја презеде огранок на Исламска држава. Групата соопшти дека нападите ги презеле бидејќи „новинарките работеле за телевизија лојална на отпадничката авганистанска Влада”.

Пријателите, колегите и членовите на семејствата за убиените новинарки упатија апел да престане насилството, што е во пораст откако минатата година почнаа мировните преговори помеѓу авганистанската Влада и талибанците. Тие тврдат дека бунтовниците ги напаѓаат новинарите, активистите и судиите, кои ги сметаат за нивни противници.

Во декември во Џалалабад беше убиена уште една новинарка од телевизијата „Еникас“.

Авганистан е една од најопасните земји во светот за новинарите. Најмалку девет новинари се убиени од почетокот на мировните преговори, што почнаа во септември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот