Одговорно лице на хотел во Маврово и покрај забраната дозволил присуство на гости

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот