Одговор на новите санкции кон Каракас: Парламентот на Венецуела бара прогласување на претставничката на ЕУ за персона нон грата

Фото: EPA-EFE/Miguel Gutierrez

Собранието на Венецуела се обрати со барање до Владата за прогласување на претставничката на Европската Унија (ЕУ) во земјата, Изабел Бриланте Педроса за персона нон грата, како одговор на санкциите што Унијата ги воведе кон Каракас во понеделникот

– Кревам две раце за прогласување на претставникот на ЕУ за персона нон грата и за преиспитување на условите под кои ЕУ е присутна во Венецуела, рече претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез за агенцијата ЕФЕ.

Европската Унија во понеденикот воведе нови санкции за 18 претставници на Венецуела, вклучително и за претседателот на националниот изборен совет, за заменик-претседателот, за шефот на Стратешката оперативна команда на вооружените сили, за пратеници и за судии.

Моментно под санкции на ЕУ се наоѓаат 55 лица од Венецуела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот