Одговор на нападот на пограничната полиција во Таџикистан – 17 загинати

Фото: Принтскрин

Припадници на пограничната полиција во Таџикистан убија 15 лица, кои рано изутринава извршиле напад во близина на границата со Узбекистан, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека во акцијата загинале и двајца припадници на безбедносните сили.

Вооружените напаѓачи нападнале полициска единица околу 03.30 часот по локално време во близина на границата и околу 50 километри од главниот град на Таџикистан, Душанбе.

Полицајците одговориле на нападот, а четворица напаѓачи се уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот