Одговор или бугарска контраофанзива: Захариева го испрати Бучковски од Софија со Акциски план за соработка

Владо Бучковски / Фото: Архива на Слободен печат

Специјалниот македонски пратеник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски се враќа од официјалната посета на Софија со Акциски план за соработка што на денешниот нивни состанок го доставила бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Материјалот е во насока на спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство и се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија.

Што, конкретно, содржи овој план не можеше да прецизира ниту шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во вечерашното гостување во „Топ Тема“. Тој истакна дека станува збор за одговор на акцискиот план што нашата влада го доставила до Бугарија и според него, може да биде корисен за надминување на проблемите меѓу двете држави, бидејќи во интерес на Македонија е соседните земји да се вратат во договорот.

Османи не сакаше да ги коментира секојдневните изјави на бугарските претставници, кои се навредливи за македонскиот идентитет и јазик, затоа што, како што вели, на тој начин би станал дел од предизборието во соседната држава.

Првиот човек во македонското МНР смета дека во последните четири месеци има одреден напредок во официјалната комуникација меѓу двете држави и додава дека политиката на македонската влада е принципиелна и ќе даде резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот