„Одев со Пепи ама раскинавме, тепањето беше пред два месеци“ – раскажува тепаното девојче од Штип (ВИДЕО)

Фото: Twitter

Во краткото видео таа открива дека била тепана од момчето пред два месеца и дека нема видливи повреди по телото зошто поминало многу време. 

Во новото видео кое новинарот Фуркан Салиу го објави денеска на Твитер тепаното девојче од Штип ги објаснува околности под кои била тепана од страна на своето поранешно момче.

Таа денеска, по објавувањето на видеото со експлицитно насилство врз неа на социјалните мрежи, со нејзиниот татко биле во полициска станица по што, вели, тој не се чувствува добро цел ден.

Во краткото видео таа открива дека била тепана од момчето пред два месеца и дека нема видливи повреди по телото зошто поминало многу време.

СВР Штип денеска ги приведе двајцата штипјани кои навредувале и претепале 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, при што целиот случај со снимиле на мобилен, а видеото се најде на социјалните мрежи. Тие ќе останат 24 часа во полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот