Одекна нова „бомба“ за Рашковски

Фото: Слободен Печат

Нова аудио снимка од разговорот кој се водел помеѓу генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и претставници од италијанската компанија „Леонардо“, во врска со тендерот за набавка на радарски систем е објавена од страна на порталот „Економски Лидер“.

Аудио снимката била доставена до „Лидер“ од страна на свиркач, а на мемориски стик. Снимката содржи „нови компромитирачки материјали кои даваат индиции за кршење на закони на Република Македонија и правила на ЕБРД“.

Рашковски знаел дека според правилата тој не смее воопшто да разговара со компанијата „Леонардо“, „затоа што во моментот на состанокот се уште тендерот официјално не е добиен.“, пренесува порталот.

Од „Лидер“ велат дека на снимката освен гласот на Рашковски се слуша и гласот на тогашниот технички директор на М-НАВ, Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата Николче Тасески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот